Top Sport

„Меси и Роналдо би можеле да дојдат во Белорусија“

Белорусија е единствената држава во Европа каде се игра фудбал. Сите останати првенства се суспендирани поради пандемијата со коронавирусот.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко рекол дека натпревари ќе се играат се додека коронавирусот е под контрола.

Легендата на белорускиот фудбал Александар Хлеб има интересен план.

„Целиот свет ги гледа натпреварите од нашето првенство. Кога НХЛ прогласи „лок-аут“ многу хокеари заминаа да играат во Русија. Можеби Меси и Роналдо би можеле да дојдат во Белорусија. Ова е единствената земја во Европа каде можете да играте фудбал. Белорусите би биле среќни“, рекол Хлеб кој најави крај на кариерата по завршувањето на сезоната.

Scroll to Top