Top Sport

„Меси и Роналдо се фудбалски феномени“

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, смета дека живееме во ерата на фудбалските гении, Лионел Меси и Кристијано Роналдо и дека такви ривалства се ретки во светот на фудбалот. Ривалството помеѓу Аргентинецот и Португалецот трае од 2007 година.

Гвардиола проговорил на оваа тема откако некои медиуми лансираа информација дека Сити му нудел три пати поголема плата на Меси за да се пресели во Манчетсер.

„Лео е натпреварувач, не ги поднесува поразите. Тоа им помага и на неговите соиграчи д го следат. Уште кога беше дете се лутеше кога ќе изгубеше натпревар. Во големите натпревари доколку има помош од колегите тој е во состојба да направи разлика на теренот“, рекол Гвардиола.

Тренерот на англискиот шампион смета дека во светот нема играчи какви што се Меси и Роналдо.

„Со нив двајца живееме во ерата на двајца фудбалски феномени. Речиси десет години играа во исто првенство и постигнуваа по 50 голови во сезона. Тоа е неверојатно. Не се работи тука за една година, туку за десет години по ред“, порачал Гвардиола.

Scroll to Top