Top Sport

Меси: Играта ни е е подобра без Нејмар

Лионел Меси, кој пред неколку дена ја доби „Златната копачка“ за најдобра стрелец во Европа, рекол дека заминувањето на Нејмар на подобро ја сменил играта на Барселона.

По рекордниот трансфер на Нејмар во ПСЖ многумина прогнозираа дека Барселона ќе се мачи оваа сезона, но неколку месеци подоцна „блауграна“ има 11 победи и само едно реми, со гол разлика 33:4 и без проблеми го обезбеди првото место во својата група во Лигата на шампионите.

„Заминувањето на Нејмар во целост го смени нашиот стил на игра. Останавме без дел од напаѓачката сила, но сега сме посилни во одбраната. Во моментов најдобри сме во редот за врска. Имаме добар баланс и поради тоа бво одбраната сме многу подобро од претходните сезони“, рекол Меси.

Аргентинецот кој вчера го продолжи договорот со Барселона до 2021 година од почетокот на сезоната има постигнато 16 голови.

Scroll to Top