Аргентина на 18.декември минатата година ја освои третата титула светски првак. Трофејот освоен на Мундијалот во Катар му овозможи на Лионел Меси да ја добие наградата на ФИФА „The Best“, пред Килијан Мбапе и Карим Бензема.
По повод освојувањето на титулата Меси на сите од тимот им подарил позлатени мобилни телефони „Ајфон 14“.
„Беше чест да се направат 35 позлатени „Ајфон 14“ уреди за Лионел Меси како подарок за неговите соиграчи и тимот кои беа во Катар и го освоија Светското првенство“, рече Бенџамин Лајонс, извршен директор на „iDesign Gold“.
Телефоните се со 24 каратно злато и на секој телефон е изгравирано името на играчот, бројот на дресот и грбот на Фудбалската асоцијација на Аргентина.
Меси за подароците издовил 210.000 евра.