Лионел Меси, најдобриот играч во историјата на Барелона, од наредната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ. Оваа информација, синоќај ја објави, новинарот на Радио Монте Карло, Даниел Риоло.
„Меси наредната сезона ќе игра за ПСЖ. Да, сериозен сум кога го велам ова. Меси ќе биде играч на ПСЖ“, објавил Риоло на „Твитер“. Објавите на овој новинар ги следат повеќе од 500.000 луѓе.
Оваа информација е пласирана ден по изјавата на Нејмар, кој рекол „дека следната сезона тие двајца мора да играат заедно“.
Исто така, во текот на вчерашниот ден, еден од кандидатите за претседател на Барселона, Карлес Тускетс, рекол дека клубот требало да го продаде Меси во летниот преоден рок.