Top Sport

Меси ја отвори душата: По 15 дена бев огорчен по настап за Аргентина

Лионел Меси на почетокот на летото тргна голем товар од грб, конечно успеа да освои трофеј со Аргентина. По 28 години чекање „гаучосите“ ја освоија Копа Америка, во финалето на „Маракана“ славеа со 1-0 против Бразил.
„Беше преубаво чувство кога го земавме Копа“ вели Меси за „ЕСПН“.

Сепак, поголемиот број фанови на Аргентина сметаат дека Лео не дал ниту мал дел од она што го прикажуваше во дресот на Барселона.

„Луѓето мислат дека е лесно да се освои СП. Затоа нашите резултати се сметаат за неуспех. По 15 дена бев огорчен по настапите за Аргентина, не сакав ништо да правам. Само сакав да се исклучам. Сега, по Бразил, ова ми беше првиот одмор во животот“ вели Меси.

Аргентинскиот ас не крие дека поединечни ставови во јавноста се чувствуваше ужасно.

„Постојат медиуми кои постојано не навредуваат. Тврдат дека не го сакаме аргентинскиот дрес, бараа од нас веќе да не играме за националниот тим“ порача Меси.

Scroll to Top