Top Sport

Артета: Сега треба да победуваме!

Фудбалерите на Арсенал имаат еден од најкатастрофалните почетоци на сезоната во изминатите години, со гол разлика 0:9 и без бод по првите 3 кола.

Менаџерот на „топчиите“ Микел Артета се надева дека наскоро сите играчи ќе се вратат на терен и ќе дојдат победите.
„Не сакаме изговори. Знам колку е тешко со повредите и проблемите со коронавирусот. Сега мораме да почнеме од почеток, да почнеме да победуваме“ вели Артета.

Репрезентативните обврски доаѓаат во вистински момент за Арсенал малку да дојде на себе и да се обиде да го најде вистинскиот ритам.

„Ни беше потребна паузата. Се надевам дека во сабота ќе имаме поинаков тим, сега се е поинаку. Сега брзо треба да го изградиме тимскиот дух“ смета Шпанецот.

Арсенал ова коло игра против Норич со надеж за прекинување на црната низа.

„За Арсенал секој меч е со притисок, мораме да покажеме што се знаеме“ смета тој.

Scroll to Top