Top Sport

Меси ќе добие 240 милиони евра од Барселона

Лионел Меси ги прифатил условите што му ги понудил Џоан Лапорта и ќе остане во Барселона. Аргентинецот ќе го потпише новиот договор, кога Лапорта и таткото на Меси, ќе договорат уште некои ситни детали кои се однесуваат на бонусите.

Медиумите во Шпанија, тврдат дека 34-годишниот Меси со Барселона ќе потпише десет годишен договор, од кој ќе заработи 240 милиони евра. Иако, договорот ќе биде потпишан на десет години, Меси парите ќе ги добие за четири години.

Договорот предвидува Меси две години да игра во Барселона, потоа две во Америка, најверојатно во Интер Мајами, кај Дејвид Бекам, а откако ќе ја заврши кариерата тој ќе има обврска да биде стратешки партнер и амбасадор на клубот.

Scroll to Top