Зенитот на кариерата на Роналдињо се поклопи со појавувањето на Лионел Меси. Бразилецот му беше ментор на тогаш младиот Аргентинец, а откако замина од Барселона токму Меси ја наследи „десетката“.
Роналдињо од четвртокот се наоѓа во притвор во Парагвај. Тој и неговиот брат Роберто Асис влегле во оваа држава со лажни пасоши.
Некогаш најдобриот играч во светот може да остане во притвор и цели шест месеци, до почетокот на судењето, а според законите на Парагвај се соочува со пет годишна затворска казна.
Судот го прифатил барањето на обвинителството да не му дозволи на Роналдињо да се брани од слобода.
Поранешната фудбалска ѕвезда нема средства да ги покрие трошоците за кауција бидејќи целиот негов имот и финансии се замрзнати во Бразил.
Тука на сцена стапува Меси. Според медиумите во Јужна Америка тој ангажирал адвокати кои треба да го извадат неговиот ментор од притвор.
За да издејствува Роналдињо да се брани од слобода Меси подготвил четири милиони евра.