Top Sport

Меси ќе го продолжи договорот со ПСЖ

Лионел Меси стана светски шампион со Аргентина на Мундијалот во Катар, го одигра турнирот на кариерата и на нацијата и ја донесе толку посакуваната „Божица“.

35. годишниот фудбалер ги оствари сите соништа во фудбалот, но сепак ќе има што да покаже на највисоко ниво, а познато е и каде речиси сигурно ќе игра.

Шпанците тврдат дека Лионел Меси планира да игра уште две години, да се натпреварува на највисоко ниво во дресот на Пари Сен Жермен, со тимот ќе се обиде да ја освои толку посакуваната титула во Лигата на шампионите.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а во тек се преговорите околу продолжување на соработката, што според последните информации и ќе се случи.

Така Меси и Мбапе во наредните години ќе имаат заедничка цел, освојување на највредниот трофеј во клупскиот фудбал.

Scroll to Top