Лионел Меси ќе пропушти уште еден натпревар на ПСЖ. Меси нема да игра утре против Бордо во Лига 1.
Минатиот викенд, Меси беше заменет на полувремето во дуелот со Лил. Аргентинецот не играше против Лајпциг, туку беше на прегледи во Мадрид.
Тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино, потврдил дека Меси нема да биде во тимот поради повреда на коленото.
Меси од почетокот на сезоната нема постигнато гол во Лига 1.