Top Sport

„Меси ќе игра и кога ќе има 40 години“

Лионел Меси би можел да игра додека не наполни 40 години смета неговиот поранешен соиграч Чави Ернандез. Меси има 32 години, сезонава има постигнато 24 гола во сите натпреварувања.

„Меси би можел да игра уште пет или дури и седум години“, рекол Чави.

„Води сметка за своето тело, што значи дека ми можел да игра и кога ќе има 37, 38 или 39 години. Сигурен сум дека ќе игра на Светското првенство во Катар“.

Доколку Меси остане доволно долго на „Ноу Камп“ може да се случи тренер да му биде Чави. Легендарниот играч долго време се поврзива со тренерската позиција во Барселона.

„Не беше вистинското време да се вратам кога замина Валверде. Разговарав со клупските претставници, ја имав на маса нивната понуда, но јас сакав да стекнам уште малку искуство. Мојот сон е да ја водам Барселона, се надевам дека тоа ќе се случи“, заклучил Чави.

Scroll to Top