Top Sport

Меси ќе игра против Венецуела, не и против Мароко

Лионел Меси утре ќе го одигра првиот меч за Аргентина по пауза од девет месеци. Еден од најдобрите во историјата на фудбалот ќе ја предводи репрезентацијата на пријателскиот меч со Венецуела.

Меси, по елиминацијата на Аргентина од Франција во осмина-финалето на Светското првенство, зеде одмор од националниот тим, а шпекулациите говореа дека тој размислувал повеќе да не настапува за „гаучосите“.

Девет месеци подоцна тој го прифати повикот на селекторот Лионел Скалони, за натпреварите против Венецуела и Мароко.

Шпанските медиуми, во четвртокот, објавија дека Меси ќе одира само еден натпревар, односно дека ќе игра утре на „Ванда Метрополитано“ против Венецуела, а ќе го пропушти натпреварот со Мароко.

намерата му била по мечот со Венецуела да се врати во Барселона за да се одмори и да се подготви за она што го очекува на клупски план, бидејќи Барселона се уште има шанси сезонава да освои три трофеи.

foto/epa

Scroll to Top