Top Sport

АБА-лига: Битадзе МВП на сезоната

Центарот на Мега Бемакс, кој како позајмен играч го носи дресот на Будуќност од Подгорица, Гога Битадзе е МВП на регуларниот дел од сезоната, во АБА-лигата за сезоната 2018/2019. Претходно, Битадзе ја доби наградата и за најдобар млад играч во лигата.

19-годишниот центар од Грузија, настапувајќи за двата клуба, во просек бележел по 16,3 поени, 6,4 скока и 2 блокади по натпревар, односно 20 индексни поени.

Инаку подобар индекс имале Драган Апиќ кој пред два месеци од ФМП Железник замина во Локомотив Кубан и Лука Божиќ од Задар.

Според лигата, Мега Бемакс со Битадезе беше на позициите што водат во плејофот, а важен дел е и од тимот на Будуќност.

Инаку, по завршувањето на сезоната во АБА-лигата Грузиецот ќе се врати во Мега Бемакс.

Scroll to Top