Тренерот на Барселона Кике Сетиен верува дека Лионел Меси кариерата ќе ја заврши во дресот на клубот од „Ноу Камп“.
Барселона подолго време се соочува со внатрешна криза која кулминирае пред неколку дена кога шестмина членови на Управниот одбор си поднесоа оставки. Во овој период шпанските медиуми шпекулираа дека е можно Меси да замине од клубот. Подоцна Аргентинецот ги демантираше ваквите пишувања.
„Такви работи се случуваат во големите клубови. Тажно е само што сѐ беше направено преку медиумите. Подобро проблемите да беа решавани зад затворени врати. Не мислам дека ова што се случи ќе го натера Меси да замине од клубот. Сигурен сум дека тој кариерата ќе ја заврши на Ноу камп“, рекол Сетиен.