Top Sport

Меси: Ќе се вратам во Барселона, таму е мојот дом

Лионел Меси ја напушти Барселона во 2021 година и потпиша за ПСЖ како слободен играч. Оттогаш многу се зборува за неговото враќање на „Ноу Камп“.

За ова во последното интервју зборуваше Чави Ернандез, тренерот на Барселона. Откри дека клупските порти секогаш ќе му бидат отворени на Меси.

Во интервјуто објавено од „Хиндустан тајмс“, Чави ја коментираше можноста за враќање на најдобриот играч на Светското првенство во Катар во главниот град на Каталонија.

„Зошто да не? Тој одлучува што сака. Тој најдобро знае што чувствува. Се разбира, Барселона секогаш ќе биде негов дом. Тој знае дека има отворена врата овде, особено ако јас сум тренер. Ајде да видиме што сака да прави. Одлуката повеќе зависи од него отколку од клубот“, изјави Чави многу директно и искрено.

Самиот Меси зборуваше во контекст на неговото враќање во Барселона. Но, тој не мислеше на клубот, туку на градот.

„Кога ќе ја завршам кариерата ќе се вратам во Барселона да живеам, таму е мојот дом“, изјави Лео Меси за „Диарио Оле“.

Scroll to Top