Top Sport

Меси ќе жртвува сè за да се врати во Барселона

Лионел Меси е подготвен на сè за да се врати во Барселона. Меси две години е во ПСЖ откако беше принуден да го напушти „Ноу Камп“. Аргентинецот, по се она што му се случува во Париз ќе го напушти клубот.

Меси бил подготвен да жртвува се за да се врати дома во Барселона. Новнарот на Радио Монте Карло, Фабрис Хокинс, открива како Меси се согласил на радикално намалување на платата за дури 66 отсто, само за повторно да го облече дресот на Барселона. Споредено со 30-те милиони евра кои сега ги заработува годишно во Париз, со новиот договор во Барселона би добил само 10 милиони евра за истиот период.

Од Барселона му порачале дека тоа е најмногу што може да му понуди клубот со оглед на катастрофалната финансиска состојба и неопходноста клубот да остане во рамките на границата на платите во Ла Лига и финансискиот фер-плеј.

Доколку Барселона успее да ја вметне платата на Меси во рамките на финансискиот фер-плеј, тој би бил на осмото место на платниот спискот во Барселона.

Пред него во однос на годишниот личен доход би биле Френки де Јонг (37,5 милиони евра), Серхио Бускетс (37), Роберт Левандовски и Џорди Алба (20,8), Ансу Фати (13,9), Жил Кунде (13,5), Рафиња (12,5) и Усман Дембеле (12). Меси би имал иста плата како Феран Торес.

Истиот извор наведува дека Серхио Агуеро всушност игра клучна улога во враќањето на Меси во Барселона. Радио Монте Карло потсетува дека саудискиот Ал-Хилал се уште ја задржува активна понуда од 540 милиони евра за Меси.

Scroll to Top