Top Sport

Меси: Мбапе е ѕвер, со Нејмар имам посебен однос

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, даде интервју за мексиканските медиуми, во кое зборуваше за соиграчите од ПСЖ, Килијан Мбапе и Нејмар.

ПСЖ одлично влезе во новата сезона, нема пораз во првенството и во Лигата на шампионите, но француските медиуми секојдневно пишуваат за несогласувања во тимот.

Наводно, Мбапе е главната причина за лошата атмосфера. Сепак, Меси зборуваше исклучиво за квалитетите на Мбапе на теренот.

„Мбапе е ѕвер. Тој е многу моќен еден на еден, има и издржливост и брзина. Може да постигне многу голови, комплетен играч е и тоа го покажува со години. Не се сомневам дека ќе биде меѓу најдобрите во следните неколку години“, изјави Меси.

Аргентинецот истакна дека има посебен однос со Нејмар, не само на теренот, туку и надвор од него:

„Се познаваме во душа, поминавме многу убаво време во Барселона, можеби можевме повеќе да бидеме таму, но сега животот повторно не спои. Воодушевен сум што можам да играм со него, но и слободното време го поминуваме заедно“.

Лигата на шампионите е главната цел за ПСЖ.

„ПСЖ ја имаше истата цел во изминатите две години, сите го знаат тоа, сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите. Минатата сезона испаднавме од Реал, тешко ја поднесов елиминацијата, одигравме два многу добри натпревари, на крајот решија мали детали. Оваа сезона е посебна поради Светското првенство, но тоа не треба да влијае на нас. Многу е тешко да се победи, не секогаш победува најдобриот. Се подготвуваме за сите предизвици кои можат да ни се најдат на патот до трофејот“, заклучи Меси.

Scroll to Top