Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси остро ја демантираше информацијата на шпанскиот новинар Херардо Ромеро дека ќе се врати во Барселона.
Ромеро изјави дека Аргентинецот разговарал со претседателот на Каталонците Џоан Лапорт, откако по осми пат ја освои Златната топка на „Франс фудбал“.
„Повторно лажеш“, му порача Меси на новинарот преку социјалните мрежи.
Меси најголемиот дел од кариерата го мина во Барселона, со која освои се што е вредно во светот на фудбалот. Потоа, две сезони настапуваше за Пари Сен Жермен, а од оваа година е фудбалер на Интер од Мајами.
После се, Ромеро јавно се извини и јасно посочи дека добил лажни информации за Меси:
„Извинете. Повторно ме излажаа во врска со Лео. Не научив. Извинете. Многу страшна ситуација. Прифаќам се што ми е кажано и ветувам дека ќе работам вакви работи повеќе да не се повторат“, напиша Ромеро.
Gerardo Romero reponds to Lionel Messi calling him a liar. https://t.co/ntBPUQHIQC
— Roy Nemer (@RoyNemer) October 31, 2023