Top Sport

Меси направи клучен чекор за враќање во Барселона?

Направен е клучен чекор за евентуалното враќање на Лионел Меси во Барселона. Таткото Хорхе, кој е агент на аргентинската ѕвезда, се сретнал со претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта, со што започнале преговорите за враќање на иконата на Барса во клубот, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Меси е под договор со ПСЖ само до крајот на актуелната сезона, а иако има можност за продолжување на соработката за уште една година, во овој момент не изгледа многу веројатно дека ќе одлучи да остане во Париз.

И покрај тоа што постигна 19 гола и забележа 18 асистенции на 34 натпревари, и беше најдобар играч во францускиот шампионат пред Килијан Мбапе според просечниот рејтинг, Меси не ја ужива поддршката од навивачите на клубот. Му свиркаат и со гестикулации го тераат да си замине од Париз.

Навивачите на Барселона го прават токму спротивното. И покрај тоа што не е во клубот, тие го скандираат неговото име, а за можно враќање проговорија и ѕвездите на каталонскиот клуб и претседателот Лапорта.

Барселона мора да ја реши тешката финансиска ситуација за да може на Меси да му понуди задоволителни финансиски услови за негово враќање во клубот.

Scroll to Top