Изборот на ФИФА за играч на годината предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. За престижното признание ќе се борат Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах, откако прв пат во последните 12 години во најтесниот круг го нема Лионел Меси.
На социјалните мрежи се коментира изборот на ФИФА, не само поради Меси, туку поради тоа што меѓу тројцата кои се борат за наградата ги нема Французите, Рафаел Варан, кој е клупски првак со Реал и светски шампион со Франција, како и Антоан Гризман, освојувач на Лига Европа со Атлетико и светски шампион со француската селекција.
Најмногу незадоволство покажаа фановите на Меси. Аргентинецот, без ог лед на тоа што не одигра добро на Светското првенство, имаше одлична сезона во Барселона. Со клубот тој ја освои дуплата круна во Шпанија, а Меси имаше импресивна статистика.
Аргентинецот, во дресот на Барселона, постигнал повеќе голови и имал повеќе асистенции од тројцата номинирани за наградата.Покрај титулите во првенството и Купот, Меси, ја освои „Златната копачка“, беше најдобра стрелец во Шпанија и играч со најмногу асистенции. Исто така тој постигнал најмногу голови од слободни удари и бил фудбалерот што креирал најмногу шанси за гол.
?? Lionel Messi in 2017/18 Season:
✅ Won:
? 3 Trophies
? European Golden Shoe? Most in La Liga:
⚽️ Goals
? Assists
? Chances Created
? Key Passes
⚡️ Take Ons
? Goals From Free-Kicks
? Shots? Still not on 3 man shortlist for the Mens FIFA Best Award. pic.twitter.com/jAbQqYODih
— SPORF (@Sporf) September 3, 2018
На „Твитер“ се огласи и Барселона.
„Навивачите на Барселона немаат сомнеж. Тој е најдобриот. Точка“, порачале од Барселона.
Меси, минатата сезона, постигнал 45 гола во сите натпреварувања и запишал 18 асистенции.
No doubt for Barça Fans.
He is the best.
Period. pic.twitter.com/Ly2i5IczSE— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 3, 2018