Лионел Меси, официјално најдобриот фудбалер во светот, смета дека може како слободен играч да ја напушти Барселона. Аргентинецот во вторникот побара да го раскине договорот со клубот.
Барселона се подготвени да му ја исполнат желбата да го напушти клубот, но само под услов да биде исплатена откупната клаузула од 700.000.000 евра. Дека Меси не може без обесштетување да ја напушти Барселона сметаат и од шпанската Ла Лига.
Шпанските медиуми објавија дека Меси, откако вчера не се појавил на почетокот на подготовките, не се појавил ниту на денешниот прв тренинг. Бидејќи го пропушти стартот на подоготовките Барслеона го казни со речиси 500.000 евра.
Аргентинецот нема намера да се враќа во клубот, каде мина 20 години, 17 од нив во првиот тим.