Top Sport

Меси не си купил авион за 15 милиони евра

Лионел Меси ги демантираше информации, што ги објавија шпанските медиуми, дека за 15 милиони евра си купил авион.

Оваа информација први ја објавија „Мундо депортиво“, а потоа се рашири по светот и речиси да не постои медиум што не објави дека Аргентинецот се почестил со авион.

„Мундо депортиво“, објави и фотографии од авионот, кој наводно бил специјално дизајниран за Меси и неговото семејство.

Вистината е дека Меси за потребите на семејството, на неколку недели, го изнајмил авионот од една аргентинска компанија. Авионот веќе бил вратен во компанијата.

Медиумите паднаа на ова информација, бидејќи од компанијата го имаа украсено авионот со името на славниот фудбалер и имињата на членовите од неговото семејство.

Scroll to Top