Top Sport

ФК Барселона се откажа од натпреварот во Мајами

Барселона се откажа од идејата, натпревар во рамките на шпанското првенство да одигра во САД. Од Џирона се согласија, во јануари, да бидат домаќини во Мајами, долго време од Барселона даваа поддршка на овој предлог, меѓутоа решија да се откажат поради негативните коментари.

Како дел од спонзорскиот договор што шпанската лига го потпишала со „Релевент спортс“, беше планирано Џирона и Барселона да играат во Мајами. Идејата веднаш ја отфрлија од Фудбалскиот сојуз на Шпанија и Асицијацијата на професионални фудбалери на ова земја.

Во понеделникот, од идејата се откажале и од фудбалскиот клуб Барселона.

„Управниот одбор на Барселона реши да се откаже идејата мечот со Џирона да се одигра во Мајами. Се откажавме бидејќи не постои консензус по ова прашање. Ние не сме против да играме меч од Ла Лига да играме во Мајами, но во тој проект нема да учествуваме се додека сите засегнати страни не постигнат договор“, се наведува во клупското соопштение.

Scroll to Top