Top Sport

Меси не си заминал лут, туку им држел говор на соиграчите

Еден момент од засрамувачкиот пораз на Аргентина од 6:1 од Шпанија на „Ванда метрополитано“ остана врежан во сеќавањето на фановите – заминувањето на Лео Меси од трибините, кое многумина го протолкуваа како бес на слабата игра на неговите соиграчи.

Меѓутоа, според аргентинските медиуми ситуацијата е сосема поинаква – наместо да си замине од стадионот, Меси отишол директно во соблекувалната каде што им одржал мотивационен говор на соиграчите.

„Ќе поминеме низ ова заедно. Обединети“, им кажал Меси според аргентинскиот „Диарио оле“.

Еден од аргентинските репрезентативци го потврдил ова: „Што ни кажа Лео? Навистина добри работи. Искрено, тоа ни беше потребно“.

Неговите реакции говорат повеќе од илјада зборови (Видео)

Scroll to Top