Top Sport

Меси не тренирал, ќе игра ли против Реал?

Лионел Меси би можел да го пропушти дуелот со реал во полу-финалето на Купот. Аргентинецот во понеделникот не се појавил на тренингот, објавија шпанскитемедиуми.

Меси се повреди во саботата, на натпреварот со Валенсија. Тој го повреди бутниот мускул на десната нога, откако претходно со два гола ја анулира предноста на Валенсија.

Дали Меси ќе игра против Реал ќе биде познато утре кога че му бидат извршени дополнителни медицински прегледи.

Од друга страна Усман Дембеле тренирал утрово и се очекува да биде во тимот.

Првиот полу-финален натпревар во Купот Барселона и Реал ќе го одиграат в среда од 21 часот.

Scroll to Top