Top Sport

„Забележано е тело во трупот на авионот“

Тимот што се занимава со истраги на авионските несреќи, објави дека било забележано тело во трупот на авионот, со кој на 21 јануари од Нант кон Кардиф биле фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Идботсон.

Две недели по исчезнувањето авионот е пронајден на дното на Ламанш на длабочина од околу 400 метри.

Информацијата дека во авионот има тело ја објави британскиот сервис Би-би-си.

Тимот ангажиран од семејството на Сала, вчера го лоцирал авионот на 24 наутички милји северно од островот Гернси.

Истражителите дополнително ќе ја информирале јавноста за наредните чекори што ќе ги преземат.

Пронајден е авионот со кој исчезна Емилијано Сала

Scroll to Top