Top Sport

Меси: Нема да играм на следното Светско првенство

Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Меси, објави дека нема да учествува на следното Светско првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Мексико, САД и Канада.

„Ова беше моето последно Светско првенство. Ќе видам како ќе се развиваат работите, но во основа не, нема да играм на Светското првенство во 2026 година“, изјави Меси.

Во декември 2022 година, 35-годишниот ас со Аргентина го освои Светското првенство во Катар. Тоа беше негов петти мундијал во кариерата.

 

Scroll to Top