Челниците на Барселона, според шпанските медиуми, подготвиле нов договор за Лионел Меси со кој Аргентинецот би останал во клубот до крајот на кариерата.
Меси открил дека таков договор му бил понуден, но дека тој не сакал да го стави својот потпис на него. Не сакал на таков начин да се врзува за Барселона.
Оваа негова изјава им влева надеж на оние што имаат желба да го донесат во своите редови во зенитот на неговата кариера.
Актуелниот договор на меси со Барселона истекува за две години.
Понудата за доживотниот договор Меси ја коментирал за аргентинското радио „Метро 95.1“.
„Точно е дека ми понудија доживотен договор. Јас им кажав дека не сакам да се врзам на таков начин“, рекол Меси и дополнил.
„Сакам да бидам здрав и да продолжам да играм, да се борам и да постигнувам голови за Барселона. Можам во Барселона да бидам доживотно, но не со договор“.
Пред неколку недели, во едно интервју Аргентинецот, открил дека во 2013 и 2014 година сериозно размислувал да ја напушти Барселона, поради проблемите кои во тој период ги имал со даночните власти на Шпанија.