Асот на Барселона, Лионел Меси, во последен момент го откажал присуството на вечерашната церемонија, на која ФИФА ќе ги прогласи најдобрите фудбалери за претходната година.
Месе не е во најтесниот круг за најдобар играч, кандидати се Лука Модриќ, Мохамед Салах и Кристијано Роналдо, но е кандидат за наградата „Пушкаш“. Неговиот гол на Светското првенство против Нигерија е во конкуренција за најубав гол.
Аргентинецот присуството го откажал поради „семејни причини“.
Претходно беше објавено дека церемонијата во Лондон ќе ја пропушти и Кристијано Роналдо.