Top Sport

Меси: Невозможно е да одам во Реал или Атлетико

Долго очекуваното интервју на Лионел Меси за „Ла Секста“, беше емитувано доцна синоќа во Шпанија. Меси во интервјуто говори за својот статус, желбите, разочарувањата, новиот ангажман, големите пријатели Нејмар и Луис Суарез…

Она што може да ги охрабри навивачите на Барселона е одговорот на прашањето дали е во преговори со некој друг клуб. Меси од 1.јануари може да преговара со заинтересираните клубови.

„Не преговарам со ниту еден клуб. Немам ништо во план до крајот на сезоната. Ајде да видиме како ќе ја завршиме сезоната и што ќе се случи. Нејмар? Неговото враќање во Барса би бил премногу скап. Би сакал да се испробам во МСЛ лигата во САД, секогаш сум сонувал за тоа, но не знам дали ќе го исполнам. Нема да одам во Реал или Атлетико Мадрид. Тоа е апсолутно невозможно. Не знам дали ќе ја напуштам Барселона пк завршувањето на сезоната. Се надевам дека и кога ќе се пензионирам ќе останам да бидам дел од клубот“, рекол Меси.

Scroll to Top