Top Sport

Меси: Ние сме виновни за катастрофата со Ливерпул, а не тренерот

Лионел Меси застана во одбрана на тренерот на Барселона, Ернесто Валверде за новиот европски колапс на клубот против Ливерпул, велејќи дека тој и неговите соиграчи треба да ја понесат одговорностса.

Барселона отпатува на „Енфилд“ со 3:0 предност по првиот меч од полуфиналето, но загуби со 4:0 од англискиот клуб, само една сезона откако пропуштија водство од три гола против Рома во четврт-финалето на ЛШ. По ова, критиките главно беа насочени кон Валверде, иако тој втора година по ред носи домашна титула, а блиску е и до двојна круна пред финалето од Копа дел Реј против Валенсија во сабота. Меси не се согласува.

„Мислам дека тренерот заврши импресивна работа. Против Ливерпул тој е без вина, ние сме тие кои треба да ја понесеме одговорноста. Беше несреќно што одигравме таков меч, што оставивме таков впечаток и тоа две години во низа. Тоа не е дозволиво“, вели Меси.

Аргентинецот дури смета дека поранешниот тренер на Атлетик Билбао треба да добие шанса да остане на своето место.

„Би сакал Валверде да продолжи. На вас можеби тоа не ви се допаѓа, но ако играме вака и следната година можеме до нова двојна титула. Во овие две години загубивме два важни меча. Вистина е дека тие болеа, но другите работи беа добри“, вели Меси.

Scroll to Top