Top Sport

Меси никогаш не дал гол за Барса в петок во Ла лига

Најдобриот фудбалер на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси синоќа го постигна вториот гол за својот тим во победата против Рајо Валјекано од 3-1 во Ла лига. Тоа беше негов 409-ти гол во шпанското првенство.

Интересно е тоа што Меси головите за Барса ги постигнувал во различни денови од неделата, но никогаш не погодил во петок.

Најмногу погодоци, дури 200 дал во саботите, а во недела вкупно 168. Во средите погодил 18 пати, во вторник 16, 4 гола постигнал во четврток, а кога Барса играла во понеделник свој натпревар, Аргентинецот прецизно стрелал трипати.

Останува да се види дали капитенот на каталонскиот клуб до крајот на кариерата ја успее да погоди и во петок.
За потсетување, еве ги головите на Меси во 2018 година:

Scroll to Top