Лионел Меси вели дека секогаш очекува Реал Мадрид да влезе со многу силен тим и со многу мотивација во првото овосезонско „Ел класико“ во Барселона на 18 декември. Аргентинецот има доволно искуство да знае дека во вакви мечеви едноставно „сè е можно“.
„Очекувам многу силен Мадрид. Секогаш се многу силни во овие мечеви, кои се специјални без разлика дали се играат во Барселонаили во Мадрид. Двата тима се во добра форма, но има моменти кога формата не значи ништо. Ла лига секоја сезона станува потешка, секој може да те победи и сите се израмнети“, вели Меси.
Откако повторно лесно се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите, Меси предупреди дека лекциите од минатите две сезони се научени, откако двапати беа елиминирани по голема предност на домашен терен (во 2017/18 од Рома и во 2018/19 од Ливерпул).
„Ова е нова година и ново натпреварување. Учиме од претходните грешки, и се фокусираме на сегашноста. Би било вистинска грешка да влеземе пак во таква стапица“, вели Меси.