Top Sport

Меси од пенал носи водство за Аргентина во големото финале

Аргентина стигна до рано 1:0 водство во големото финале на Светското првенство во Катар против Франција, откако почетната иницијатива на „албиселесте“ резултираше со гол од пенал во 22. минута од мечот.

Аргентина ја контролираше играта во првите 20-тина минути, а тогаш полскиот судија Шимон Марчињак досуди пенал откако Усман Дембеле го собори Анхел ди Марија во шестнаесетникот. Лионел Меси остана смирен против Иго Љорис и со својот шести гол на шампионатот носи голема предност за јужноамериканската репрезентација.

Scroll to Top