Екипата на Барселона, против каталонскиот ривал, Џирона, ги загуби првите два бода во новата сезона. Барселона, со играч помалку, одигра 2:2 во рамките на петтото коло.
Интересен и возбудлив натпревар, со четири гола и еден црвен картон видоа гледачите на „Ноу Камп“.

Меси постигна гол за Барса, потоа Ленгле, по прегледувањето на снимката доби директен црвен картон, па Џирона со головите на Стуани направи пресврт, а конечните 2:2 ги постави Пике.
Во Барселона се незадоволни од одлуката во 35.минута, кога судијата Хесус Хил Манзано ја прегледа видео снимката и му покажа црвен картон на Ленгле.
По завршувањето на натпреварот, капитенот на Барселона, Меси, јавно го изразил незадоволството, одбил да се ракува со судијата Манзано.
https://twitter.com/Messi_Nutmegs/status/1043970125228052480