Повремениот француски репрезентативец во кошарка, Лдео Вестерман, има нов клуб. Францускиот плејмејкер, потпишал едно годишен договор со литванскиот шампион Жалгирис.
Вестерман, по една не успешна сезона мината во ЦСКА Москва, реши да се врати во Жалгирис, каде настапуваше во сезоната 2016/2017.
26-годишниот плејмејкер, минатата сезона во Евролигата, имаше скромни бројки. По натпревар тој оствари просек од 4,9 поени и две асистенции.
Вестерман во кариерата настапувал во Асвел, Партизан и Лимож.