Top Sport

Меси: Ова е катастрофа

Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина е шокиран од она што се случи на стадионот во Сао Паоло. Бразилските здравствени власти, во 7.минута го прекинаа квалификацискиот натпревар помеѓу Бразил и Аргентина.

„Дојдовме овде со намера да играме. Никој не не предупреди дека може да се случи ова. Во Бразил дојдовме пред три дена, можеа порано да не депортираат. Ова е катастрофа“, рекол Меси за „ЕиФСокер“.

Инспектор од Министерството за здравство на Бразил, побарал Емилијано Мартинез, Џовани Ло Селсо и Ромеро, како и резервниот фудбалер Емилијано Буендија, да го напуштат теренот бидејќи во земјата влегле од Велика Британија.

Според бразилските здравствени протоколи за лицата кои влегуваат во Бразил од Велика Британија е задолжителен 14-дневен карантин.

Медиумите објавија дека неколкумина аргентински фудбалери се заклучиле во соблекувалната и дека одбиле во просторијата да ги пуштат претставниците на сојузната полиција и претсавниците на бразилското министерство за здравство.

Scroll to Top