Top Sport

Меси: „Овие 15 играчи се иднината на фудбалот“

Лионел Меси еден од најдобрите фудбалери во историјата говорел за играчите кои ќе ја обележат иднината на овој спорт. Меси учествувал во акцијата на компанијата „Topps“ која произведува албуми и сликички за Лигата на шампионите.

Меси издвоил 15 фудбалери за кои смета дека ќе ја ги обележат наредните години во фудбалот. Интересно меѓу нив е и еден од најкритикуваните оваа сезона Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

„Магичен играч кој прави невозможното да биде возможно“, рекол Меси за фудбалерот кој сезонава има скромен учинок од два гола и две асистенции во дресот на Реал.

Интересно меѓу младите играчи што ги издвоил Меси го нема неговиот соиграч Ансу Фати, ги нема ниту Бразилците од Реал Винисиус Жуниор и Родриго. Меси го изостави и Норвежанецот Ерлинг Халанд, како и дефанзивецот на Јувентус Матијас Де Лихт.

Во продолжение прочитајте кои се преостанатите 14 фудбалери и какво мислење за нив има Меси.

Трент Александер-Арнол (Ливерпул): „Бек кој импресивно ги обавува офанзивните задачи“.

Кристијан Пулишиќ (Челси): „Поседува одличен баланс и динамика“.

Мејсон Маунт (Челси): „Имав можност да го гледам како игра, има потенцијал да биде меѓу најдобрите во светот“.

Фил Фоден (Манчестер сити): „Тој ќе направи фантастични работи во кариерата. Голем талент“.

Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд): „Неговата способност да го помине противникот е импресивна“.

Каи Хаверц (Баер Леверкузен): „За толку млад фудбалер импресионира смиреноста што ја има пред голот“.

Едер Милитао (Реал Мадрид): Исклучителен талент, неуморен натпреварувач“.

Усман Дембеле (Барселона): Неговата брзина на тренинзите е застрашувачка“.

Хусен Ауар (Лион): „Секогаш е мирен кога ја има топката кај себе, поседува одлична техника“.

Френки де Јонг (Барселона): За годините што ги има, тој е еден од најдобрите додавачи што сум ги видел некогаш“.

Жоао Феликс (Атлетико Мадрид): „Во моментов еден од највозбудливите млади играчи“.
Килијан Мабапе (ПСЖ): Исклучително брз, има сјајна завршница. Многу е опасен“.

Џошуа Кимих (Баерн Минхен): „Многу талентиран бек од кого добивате многу асистенции“.

Бенжаман Павар: Баерн Минхен: „Класа од дефанзивец кој има исклучителен шут“.

Scroll to Top