Реал Мадрид синоќа ја освои својата 34-та титула во Ла Лига со победата од 2-1 против Вилјареал, додека Барселона дома загуби со истиот резултат од Осасуна.
Лео Меси „експлодираше“ по мечот и рече се што му лежи на душа и повика на промени.
„Веќе реков, ако играме вака, тоа нема да е доволно за освојување на ЛШ, а на крај не беше доволно ниту за Ла Лига. Ќе мора да промениме многу, да бидеме самокритични. Ја изгубивме титулата поради наши грешки, а не поради успесите на Реал. Ако продолжиме вака, нема да го поминеме Наполи“ вели Меси.
Во неговата изјава прилично јасно повикува на смена на тренерот Кике Сетиен.
„Не ја изгубивме титулата затоа што противникот беше подобар. Овој меч беше одраз на целата сезона. Екипата е неконзистентна и слаба, изгубивме бодови кои не смеевме“ вели Аргентинецот.
Доби прашање од шпанските новинари дали Реал ја заслужи титулата.
„Го направија тоа што требаа и не губеа мечеви, но ние многу им помогнавме. Губевме бодови таму каде што не смеевме. Мора да сме самокритични, ние сме Барса и мора да освојуваме се“ – вели Меси.
Messi:
"No esperábamos terminar la temorada así, pero marca lo que fue todo el año, un equipo muy irregular, al que le ganan por intensidad y por ganas".
"Si queremos pelear por la Champions vamos a tener que cambiar . Si no vamos a perder contra el Napoli"#VolverEsGanar pic.twitter.com/0Ob6LgipVn
— Fútbol en Movistar+ (@MovistarFutbol) July 16, 2020