Фудбалерот на Барселона и репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси, сезонава со својот тим ја освои двојната круна во Шпанија, но како што вели би ги менувал тие трофеи за оној во финалето на Светското првенство.
Меси, во кариерата, ги освоил сите можни трофеи со Барселона, но со Аргентина нема титула на големите натпреварувања. Агентинците велат дека Меси мора да освои светска титула за да биде пред Марадона.
Меси три пати играл финални мечеви со Аргентина. Во 2014 Германија пред „гаучосите“ ја освои титулата на СП во Бразил, додека во 2015 и 2016 година, Чиле ги оневозможи Аргентинците да се израдуваат на титула на Копа Америка.
„Бе ја менувал титулата со Барселона за онаа од светското првенство. Освојувањето на Светскиот куп со Аргентина би било извонредно остварување. Верувам во оваа група, работиме добро, имаме добри играчи со големо искуство. Сепак, не можеме да испратиме порака дека ќе бидеме светски шампиони бидејќи сме најдобри. Реалноста не е таква“, изјавил Меси за една аргентинска телевизија.
Исто така тој ги анализирал противниците на Аргентина во Д-групата на Светското првенство во Русија.
„Исланд, на Европското првенство покажа дека за секој тим може да биде тежок противник, додека Хрватска е добра во средниот ред. Тие се како Шпанија, само е една скала подолу од нас. Нигерија како тим секогаш ни претставувал предизвик“, рекол Меси.
Аргентина има две титули од светските првенства (1978 и 1986).