Top Sport

Меси: Плачевме со Антонела кога дознавме дека ќе си одиме од Барселона

Лео Меси кариерата ја продолжува во француски ПСЖ по 21 година во Барселона. Во разговор за „ББС“ аргентинскиот ас раскажа каква била атмосферата во неговиот дом кога дознале дека ќе мора да ја напуштат Каталонија.

„Татко ми ми ја кажа веста додека бев дома. Отишол прво да се види со претседателот на Барса, Лапорта, а кога се врати, ми кажа се, сакајќи да ме подготви пред Антонела и децата да дознаат. Потоа се и кажав на Антонела и плачевме. Бевме многу вознемирени, а потоа разговаравме за тоа како на најдобар начин да им пренесеме на децата. Во декември им ветивме дека ќе останеме, па знаевме дека ќе им е голем шок. Посебно за Тијаго“ рече Меси.

Тој вели дека бил изгубен по објавата дека се разделува со Барселона.

„Немавме каде да одиме. За нас сето тоа беше полно со неизвесност и нервоза во смисла дека ќе треба да почнеме се од почеток. Ова е голем пресврт за нашето семејство“ вели Меси.

Потенцираше дека Нејмар има голема заслуга за потписот со ПСЖ.

„Кога татко ми отиде да разговара со Леонардо, Нејмар знаеше за тоа. Им зборувал на соиграчите дека трансферот може да се случи. Постојано бевме во контакт“ раскажува Аргентинецот.

Меси со „Светците“ потпиша до 2023 година.

Scroll to Top