Лионел Меси не ги криеше своите емоции откако Аргентина ја победи Англија со 2:1 и се пласираше во финалето на Светското првенство.
Капитенот на „гаучосите“ нагласи дека целиот натпревар имал посебно значење за неговиот тим, но и за аргентинскиот народ.
„Сè што доживеавме од почетокот беше неверојатно. Од моментот кога излеговме на теренот и ја слушнавме националната химна, почувствувавме многу посебни емоции“, рече Меси по натпреварот.
Аргентина стигна до победата во драматичен финиш, бидејќи не се откажаа дури ни кога беа во неповолна ситуација. Токму на тоа инсистираше Меси.
„Никогаш не престанавме да веруваме и да се обидуваме“, рече аргентинскиот капитен.
Меси нагласи дека триумфот над Англија не е само од спортско значење.
„Знаевме дека ова не е обична победа. Тоа беше важен триумф што го сакаше аргентинскиот народ и го сакавме и ние, бидејќи нè однесе во уште едно финале на Светското првенство“, рече Меси.
Искусниот фудбалер одигра важна улога во пресвртот на Аргентина, бидејќи беше вклучен во двата гола.
Аргентина ќе игра против Шпанија во борбата за трофејот, а Меси ќе има можност да освои уште една титула светски шампион со репрезентацијата.
Foto/ EPA
