Top Sport

Меси поблиску до заминување, отколку до останување во Барса!

Лионел Меси му кажал на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман дека е поблиску до заминување отколку до останување во каталонскиот клуб, тврди каталонското радио „РАЦ1“, зголемувајќи ја загриженоста на навивачите на Блауграна дека капитенот ќе замине уште ова лето.

Иднината на Меси стана неочекуваната „жешка“ тема по 8:2 поразот од Баерн Минхен во четврт-финалето на Лигата на шампионите минатата недела, но шпекулациите околу желбата на Аргентинецот да замине од клубот каде што ја помина цела кариера го следат цела сезона, посебно по „колапсот“ во трката за титулата од Ла лига со Реал Мадрид и јавното критикување на сега веќе поранешниот спортски директор, Ерик Абидал.

Заминувањето на тренерот Кике Сетиен и на Абидал и пристигнувањето на Куман очигледно не е доволно за Меси, кој според шпанските медиуми денеска го прекина семејниот одбор за кризни разговори со Холанѓанецот.

Според „РАЦ1“, Меси шокантно му кажал на Куман дека е „поблиску до заминување од клубот, отколку до останување“, иако има договор до летото 2021. Ова сигурно ќе ги алармира големите европски клубови кои би сакале да го видат освојувачот на шест „Златни топки“ во својот тим, во прв план Интер, Пари Сен-Жермен и Манчестер сити.

Меси го прекратил летниот одмор за итен состанок со Роналд Куман

Scroll to Top