Лионел Меси одигра клучна улога во победата на Пари Сен Жермен против Троа со 4:3 во Лига 1. Тој постигна гол и асистираше за Нејмар во успехот на „Паркот на принцовите“, а постави и нов личен рекорд.
Победата над Троа беше 32. меч по ред без пораз за аргентинскиот ас на клупски и репрезентативен план. Тој досега во кариерата двапати имаше низа од 31 натпревар без пораз, во периодите меѓу 2015 и 2016 година, како и меѓу 2017 и 2018 година.
Последниот пораз на Меси со тимот на ПСЖ беше на 9 март 2022 година, кога парижаните загубија од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.