Top Sport

Меси: Повеќе не сум себичен

Лионел Меси, во средата, против Челси го постигна својот 100.гол во Лигата на шампионите, а по натпреварот изјави дека поважно од личниот рекорд е што тимот изборил пласман во наредната рунда.

Меси оваа сезона, во сите натпреварувања, има постигнато 34 гола, а во статистиката има запишано 16 асистенции.

„Порано се обидував да украдам топка и да си креирам акција. Сега се сакам тимот да игра повеќе, да имаме повеќе додавања, да нема себичност. Се обидувам да го раздвижам тимот од одредена позиција. Трчам како што тоа го правев и порано, но на малку поинаков начин“, изјавил Меси за аргентинските медиуми.

Барселона в недела ќе игра против Атлетик Билабо во Ла Лига, а во Лигата на шампионите ја очекува четврт-финалниот двомеч со Рома.

Scroll to Top