Top Sport

ПСЖ по секоја цена го сака Алегри на клупата

Масимилијано Алегри е првиот пик на челниците на ПСЖ за нов тренер, објави во денешното издание „Газета дело Спорт“.

Унаи Емери сигурно нема да биде тренер на ПСЖ наредната сезона, откако и оваа сезона не успеа да стигне подалеку од осмина-финалето во Лигата на шампионите, а згора на тоа ланската сезона титулата во Франција му ја препушти на Монако.

Шпекулациите на медиумите беа дека Луис Енрике е изборот на ПСЖ, но поранешниот тренер на Селта, Рома и Барселона имал преголеми барања, поради што парижаните се откажале од преговорите со него.

Еден од кандидатите е и Антонио Конте чија иднина во Челси е неизвесна, особено откако редовно започна да ја критикува клупската трансфер политика.

Поради тоа на „Паркот на принцовите“ решиле по секоја цена да го донесат Алегри, тренер кој во три сезони со Јувентус два пати стигна до финалето во Лигата на шампионите.

Scroll to Top