Фудбалерите на Барселона до убедлива победа над Севилја 4-0 го затворија осмото коло во Ла Лига. Без Гризман и Бускетс во стартната постава Барса ги прегази гостите од Андалузија во периодот од 27 до 37 минута. Дамка на победата фрлија двата вцрвени картони што ги добија играчите на Барселона Араухо и Дембеле во 88 минута.
Севилај прва се закани на „Ноу Камп“, ударот на Лук Де Јонг брилијантно го одбрани Тер Штеген во 19 минута.
Казната стигна во 27 минута кога Луис Суарез постигна спектакуларен гол со ножички.
Пет минути подоцна Артур му асистираше на Видал кој погоди за 2-0.
Во 37 минута Дембеле со соло-пробив стигна до голот на Севилја и го матираше Вацлик.
Првата шанса во вториот дел ја имаа повторно гостите. Ударот на Де Јонг заврши во дирекот.
Во 78 минута Меси со својот прв гол сезонава во Ла Лига го постави конечниот резултат. Аргентинецот погоди од слободен удар.