Top Sport

Меси постави два рекорди, Барса на само 4 поени зад Атлетико

Лионел Меси го одигра својот 767. меч во дресот на Барселона, израмнувајќи го рекордот на својот поранешен соиграч Чави Ернандез, и постигна два прекрасни голови при 4:1 победата над Уеска со која каталонскиот клуб се доближи на само четири поени од лидерот Атлетико Мадрид на 11 кола пред крајот на шпанскиот шампионат. Меси исто така стана единствениот фудбалер во историјата на топ 5 лигите, кој има постигнато над 20 голови во 13 сезони едноподруго.

Исходот на мечот беше одлучен со два прекрасни голови во првото полувреме – прво Меси во 13. минута, а потоа и Гризман во 35. минута, пред фенерџијата Уеска да намали на 2:1 во судиското продолжение од полувремето со гол од пенал на Рафаел Мир. Оскар Мингуеза по асистенцијата на Меси во 53. минута зголеми на 3:1, пред во 90. минута Меси да го постигне и својот втор гол.

Со четвртата победа во низа, Барселона се врати на второто место на табелата со 59 поени, четири помалку од Атлетико Мадрид и два пред Реал Мадрид, и овојпат трите фаворити имаат идентичен број на одиграни натпревари (27). Уеска борбата за опстанок ќе ја бара против друг противник – тие се последни со 20 поени, четири помалку од Елче, кои се на првото место кое нуди опстанок.

Легендите му се поклонија на легендата Меси – го почна 767. натпревар за Барса

Scroll to Top