Top Sport

Меси постави нов рекорд и ги оддржа Каталонците во борба за титулата

Лионел Меси постигна два гола за да ги предводи Барселона до 5:2 триумф над Хетафе за враќање на третата позиција во Ла лига и заддржување на шансите за шпанската титула.

Со овие два гола, неверојатниот Аргентинец стана единствениот фудбалер кој постигнал барем 25 гола во последните 12 сезони во топ 5 лигите. Само во 2021 година, тој има постигнато 22 гола и има 8 асистенции.

Меси уште во осмата минута ги донесе Каталонците во водство, но Клемен Ленгле само четири минути подоцна си постигна автогол за израмнување. Софијан Шакла ја врати „услугата“ со свој автогол во 28. минута за ново водство на Барса, пред Меси повторно да стрела во 33. минута. Сепак, финишот беше „нервозен“ за домаќините, откако Хетафе успеа да намали на 3:2 во 69. минута со гол од пенал на Енес Унал, но Роналд Араухо во 88. минута го потврди триумфот, пред во 93. минута Антоан Гризман да ги постави конечните 5:2.

Барса сега има 68 поени на третото место, два поени зад второпласираниот Реал Мадрид и пет зад лидерот Атлетико Мадрид, но за разлика од ривалите, Каталонците имаат одиграно меч помалку.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

ЛА ЛИГА, 31.КОЛО

Барселона – Хетафе 5:2

Гранада – Еибар 4:1

Реал Сосиедад – Селта Виго 2:1

Scroll to Top